СЕНЗАЦИЈА НА ЕП: Португалците ја шокираа Франција

EPA-EFE/OLE MARTIN

Во првиот натпревар од нашата група, Австрија беше поуспешна од Чешка.

Репрезентацијата на Португалија го направи најголемото изненадување на Европското првенство победувајќи го еден од главните фаворити за титулата, Франција.
Португалците со 28:25 ги совладаа „триколорите“.

Како една од главните причини за поразот е катастрофалното издание на голманите на „триколорите“ кои за 60 минути имаа само седум одбрани.
Бранкињо со пет голови и Гомеш и Фераз со по четири гола беа едни од најзаслужните за големото изненадување.

Во групата Б во која Македонија вечерва ќе ја има премиерата на ова ЕП, еден од домаќините, селекцијата на Австрија со 32:29 ја совлада Чешка.
Ракометарот на Кил, Никола Билик постигна дури 12 гола и е најзаслужен за победата над незгодната репрезентација на Чешка.

Селекцијата на Словенија со 26:23 беше поусшешна од Полска. Блаж Благотиншек и Борут Мацковшек беа први имиња во тимот на Словенија со по пет гола, а одличен на голот беше и Клемен Ферлин со 12 одбрани. Кај Полска, Аркадиуш Морито со 8 гола беше најефикасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот