СЕНЗАЦИЈА: Мбапе за 380 милиони евра во италијанскиот великан?!

twitter.com/sandraparragame

Францускиот репрезентативец со парискиот клуб потпиша договор до лето 2022. година, а доведен е со цел ПСЖ конечно дојде на врвот на Европа.

„Светците“ истото лето го купија и Нејмар и за двајцата одвоија огромни 400 милиони евра.

Но, планот на сопствениците на ПСЖ не оди баш како што се очекуваше, бидејќи составот на Томас Тухел сеуште е далеку од освојување на Лигата на шампионите.

Таквите резултати не му се допаѓаат ниту на 20-годишниот Мбапе кој порача дека во иднина сака да игра во клуб во кој ќе се бори за најголемиот европски трофеј.

Многумина тоа го сфатија како порака дека би можел да го напушти ПСЖ, а најмноги се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Но, италијанскиот „Тутоспорт“ открива дека посебен план за доведување на Мбапе  има Јувентус.

Во торинскиот клуб знаат дека не можат долгорочно да сметаат на Кристијано Роналдо кој има веќе 34 години и сакаат да ангажираат фудбалер кој достојно ќе го замени. Претседателот Андреа Ањели е убеден дека тоа би можел да биде токму Мбапе.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус е подготвен да плати неверојатни 380 милиони евра за Мбапе со договор на пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот