Сензација на Вимблдон: Прекината неверојатната победничка серија на Швјонтек

Ализ Корне приреди сензација на Вимблдон/фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Француската тенисерка Ализ Корне направи вистинска сензација на Вимблдон, успеа да ја победи Ига Швјонтек и да ја прекине неверојатната победничка серија на полската тенисерка.

Корне ја совлада Швјонтек со 6:4,6:2 за нешто повеќе од еден и пол час игра и да се пласира во осминафиналето на Вимблдон каде ја чека дуел со Ајла Томјановиќ која пак беше подобра од Барбора Крејчикова.

Швјонтек со поразот од Корне ја прекина неверојатната серија од 37 победи по ред, што е најдолга серија во овој век.

Интересно е што ова е втор пат Ализ Корне да прекинува победничка серија, Французинката пред осум години токму на Вимблдон ја совлада Серена Вилијамс и ја прекина нејзината серија од 34 победи по ред.

Французинката го доби првиот сет со 6:4, бидејќи Швјонтек два пати губеше гем на свој сервис. Во вториот сет, Швјонтек прва направи брејк, но Корне возврати со три брејка по ред за убедлив триумф од 6:2 и пласман во полуфиналето.

Сигурен настап имаше Симона Халеп која со 6:4,6:1 ја елиминира Магдалена Фреч од Полска, а во два сета работата ја заврши и Елена Рибакина (7:6,7:5) против Кинеската Женг.

Петра Мартиќ обезбеди пласман во осминафиналето со победата над Џесика Пегула со 2:0 во сетови, додека во дуелот на тинејџерките од САД, Аманда Анисимова со 6:7,6:2,6:1 ја победи Коко Гоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот