Сензација: Алкалоид во ракометното дерби го урна Вардар 1961 во Автокоманда

фото: RK Alkaloid

Во рамките од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига составот на Алкалоид приреди големо изненадување совладувајќи го актуелниот шампион Вардар 1961 во салата Автокоманда со 22:21.

После првото полувреме водеа играчите на тренерот Кирил Лазаров со 13:10, иако пред паузата имаа и поголема предност (13:6).

„Црвено-црните“ направија серија од 9:2 за израмнување на 15:15, а на четири минути пред крајот на средбата за првпат и поведоа на натпреварот со 20:21.

Во завршницата поснаодливи беа ракометарите на Алкалоид кои ги искористија грешките на противникот и со два гола на крајот забележаа голема победа.

Трајковски, голманот на Алкалоид имаше клучен придонес во триумфот со 14 одбрани, а кај стрелците најефикасен беше Серафимов со седум голови. На спротивната страна Томовски имаше девет интервенции, а седум погодоци запиша Манасков.

Во саботата се одигра уште еден меч, Еурофарм Пелистер 2 на гости славеше кај Тинелс Пролет со 25:26.

Табела: Вардар 1961 21 бод, Еурофарм Пелистер 18, Алкалоид 18, Тиквеш 10, Бутел Скопје 7, Еурофарм Пелистер 2 7, Тинекс Пролет 5, Охрид 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот