19.8 C
Скопје

Сент Етјен го ограби Лестер, „лисиците“ платија рекордни 40 милиони евра за Фофана

Англискиот премиерлигаш денеска го официјализира најголемиот клупски трансфер ова лето, за 36 милиони фунти (40 милиони евра) го купи Весли Фофана.

Ова е втор најголем трансфер во историјата на Лестер, по тој на Јури Тилеманс кој е платен 45 милиони евра.

Фофана со овој трансфер стана најскапиот штопер во француската лига, а речиси цело лето беше мета на заинтересирани екипи, во прв ред Вест Хем и Милан.
Но, двата тима не беа подготвени да платат како Лестер кој исто така на почетокот не беше расположен да ги исполни барањата на францускиот тим и нивната партија „покер“ траеше неколку недели.
Првата „понуда“ изнесуваше 25 милиони евра, потоа 29 милиони, па 32 милиони плус 10 проценти од идната продажба. Сент Етјен ги одби сиве овие понуди и успеа да извлече максимум што и беше нивна цел, 35 милиони евра веднаш и дополнителни пет милиони во бонуси.

Дека пред единствена цел на францускиот тим беше да извлечат што повеќе пари, призна тренерот Клод Пуел, кој пак пред две години беше тренер токму на Лестер и добро знае каква е платежната моќ на англискиот тим.
Имавме опција да го задржиме Весли и со тоа да ги загрозиме платите на играчите и на вработените во клубот поради финансиската криза која ја направи коронавирусот. Втората опција беше да го продадеме и да ја наполниме касата. Верувајте дека за првата опција воопшто не размислувавме, туку само се обидувавме да извлечеме што повеќе пари – призна Пуел.

Весли Фофана има само 19 години и е продукт на позната фудбалска академија на Сент Етјен. Тој за првиот тим дебитира пред година и половина и оттогаш одигра 30 натпревари.

Сумата од 35 милиони евра која Лестер ја плати за Фофана е рекордна кога станува за штоперите од француската Лига 1, односно го израмни рекордот на Челси кој плати идентични 35 милиони евра на ПСЖ за да си го врати Давид Луиз.

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар