Сенка на рецесијата над најголемите светски економии

Во светот, цените на акциите се во пад на сите берзи бидејќи инвеститорите ги намалија своите акции како резултат на состојбата во глобалната економија.

Тоа беше поттикнато од зголемениот страв од последиците од трговската војна САД и Кина и Брегзит без договор. Во исто време, ММФ ја намали својата прогноза за светскиот економски раст на најниската стапка во последните 10 години.

Некои од водечките светски економии се соочуваат со сенката на рецесија.

Во Германија, Велика Британија, Италија, Мексико, во вториот квартал се забележува се помал економски раст.

Кинеската економија исто така е слаба, што ги поттикнува инвеститорите да бараат засолниште во обврзници или злато. Во Пекинг сметаат дека американскиот протекционизам и едностраното однесување на Вашингтон се виновни за лошата состојба.

– Би сакал САД да се вратат на преговарачката маса. Ако има некои нерешени прашања меѓу Америка и Кина, двете најголеми економии во светот, ние мора да ги решиме преку преговори, а не со еднострани мерки. Ова не е фер и не е во согласност со меѓународната практика – посочува Веи Бенхуа од Институтот за финансиски студии во Чонгџинг.

– Од минатата година американскиот трговски протекционизм е во пораст, што доведе до голема нестабилност на глобалните финансиски пазари и влијае на глобалното закрепнување на економијата. Мерките за протекционизам на трговијата во САД предизвикаа загриженост дека Америка може исто така да биде во рецесија – вели Џанг Суехун од Истражувачкото биро на Народната банка на Кина.

Сите европски берзи бележат пад на вредноста на акциите, во САД трите големи берзи се затворија со дефицит од три проценти. И индексите на акциите на азиските берзи паѓаат и денес. Случувањата на берзите укажуваат на можна рецесија во најголемите светски економии.

– Најлесен начин да се разбере оваа состојба е преку долгорочни заеми, оние од три или четири години, што не е вообичаено затоа што овие заеми се помалку од краткорочни. Поради тоа и во всуштина постои стравот – вели Дајан Сванк, главен економист на „Грант Торнтон“.

Во западноевропските земји, надежта за закрепнување се намалува со бавниот економски раст во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот