Сенатот поддржа закон за спречување на ксенофобијата против азиските Американци

epa09102315 A child holds a poster reading 'F**k Racism' as hundreds of protesters gather during an Anti Asian Hate in Los Angeles, California, USA, 27 March 2021. This protest against anti-Asian American and Pacific Islander racism takes place following the death of eight people, including six women of Asian descent, killed during a shooting spree at three metro Atlanta massage parlors on 16 March 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот Сенат вчера изгласа закон за спречување на ксенофобијата против азиските Американци, поврзано со пандемијата на коронавирусот.

Легислативата беше поддржана со 94 гласа „за“, а само еден, републиканскиот сенатор Џош Хоули од Мисури, гласаше против.

Регулативата се занимава со спречување на употреба на расистички речник при описот на пандемијата. Многумина републиканци и конзервативни јавни личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател Доналд Трамп, го именуваат коронавирусот како „кинески вирус“, со што се зајакнуваат тензиите во општеството на штета на Американците со азиско потекло.

Законскиот проект сега ќе биде предаден во Претставничкиот дом каде демократите наскоро треба понудат своја верзија.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека „дојде време да се спротивставиме” на анти-азиската омраза во САД.

– Со усвојување на овој закон, ние се обраќаме до азиско американската заедница дека власта е свесна за неа, ги слушна нивните грижи и ќе одговори со нивна заштита, изјави Шумер.

Истражувањето на државниот Универзитет Калифорнија од Сан Бернандино, спроведено во 16 градови, покажува дека во 2020 година имало зголемување на нападите засновани на омраза против азиските Американци за 149 отсто.

– Нападите засновани на омраза нема да се толерираат, порача Шумер.

Според предлог-законот, поднесен од сенаторката од Хаваи, Мази Хироно, Минстерството за правда треба да назначи официјално лице за разгледување на ваквите напади и да се погрижи да се зголемат државните и локалните ресурси за нивни спречување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот