Сенатот на САД одобри „историска одлука” за спротивставување на економската закана на Кина

Сенат САД
Сенат на САД / Фото: Архива на Слободен печат

Американскиот Сенат синоќа донесе закон со кој се предвидуваат амбициозни инвестиции во науката и технологијата, претставен како „историска одлука” за спротивставување на економската закана на Кина и нејзиниот „авторитарен” модел.

Предвидени се над 170 милијарди американски долари за истражување и развој, поточно за да се охрабрат компаниите да произведуваат полупроводници во САД кои сега најмногу се произведуваат во Азија.

Глобалниот недостиг на тие производи влијае на многу клучни сектори – од производство на автомобили до телекомуникации.

Законот беше одобрен со 68 гласа и 32 против, и мора да биде усвоен од Претставничкиот дом на Конгресот, по што ќе го објави претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Кина, која е во економска војна со САД уште од ерата на Трамп, е една од ретките теми на кои сегашниот демократски претседател е во континуитет со неговиот претходник на Републиканците и ужива широк консензус во Конгресот.

– Ако не сториме ништо, нашите денови како доминантна суперсила се избројани, предупреди лидерот на мнозинството демократи во Сенатот, Чак Шумер, непосредно пред гласањето.

– И затоа оваа регулатива ќе остане запаметена како еден од најголемите успеси и на демократите и на републиканците во Сенатот во поновата историја, нагласи тој, објаснувајќи дека новата регулатива „го отвора патот за најголеми инвестиции во науката и технологијата за неколку генерации”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот