Сенатот ќе му ја ограничи можноста на претседателот на САД самостојно да одлучи за истапување од НАТО

Вкупно 15 сенатори, демократи и републиканци, денеска во Сенатот поднесоа на разгледување нацрт закон за ограничување на правото на претседателот на САД да одлучува самостојно за истапување од воената алијанса НАТО без одобрение на Сенатот.

Текстот на законскиот проект претставува нова верзија на сличен документ, одобрен од сенатскиот Комитет за надворешна политика во декември 2019 година, но поднесен за разгледување во целосен состав на Сенатот.

Во случај претседателот да се обиде да ги повлече САД од составот на НАТО без одобрение на Сенатот, нацрт законот предвидува забрана за финансирање на таквите активности, а исто така дава надлежност правен консултант на Конгресот да ги оспорува постапките на администрацијата на суд.

-Овој нацрт закон изразува отворена поддршка за НАТО од страна на Конгресот и гарантира ниту еден претседател да не може, во самостоен одлучување, да ги раскине врските на алијансата, се вели во изјавата на Тим Кејн, еден од иницијаторите на проектот.

Спонзори на нацрт законот се четири републиканци, вклучително и сенаторот Марко Рубио, како и девет демократи и независниот сенатор Ангус Кинг, кој ги поддржува демократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот