Сенатот го потврди именувањето на генералот Остин за шеф на Пентагон

Фото: EPA-EFE/Greg Nash / POOL

Американскиот Сенат го потврди денеска со мнозинство гласови именувањето на поранешниот генерал Лојд Остин за министер за одбрана на САД, со што ќе стане првиот Афроамериканец кој ќе го предводи Пентагон.

Остин (67) е втор член во администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, чија номинација е одобрена во Конгресот, по потврдата на именувањето на директорката на Разузнавачките служби Еврил Хејнс.

Номинацијата на Остин е потврдена со 93 гласа „за” и два „против” во сенатот, кој има 100 членови.

Се очекува во следните денови да бидат одобрени и другите именувања на Бајден во неговиот тим за национална безбедност, вклучувајќи го и Ентони Блинкен за државен секретар на САД.

Бајден очекува од Остин да ја врати стабилноста на чело на Пентагон, каде за време на мандатот на администрацијата на Доналд Трамп беа сменети двајца министри, а четворица биле вршители на должност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот