
Сенатот го потврди Џон Ретклиф за директор на ЦИА
Членовите на Сенатот денеска го потврдија назначувањето на Џон Ретклиф за директор на ЦИА за време на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа американските медиуми.
Препорачано
За Ретклиф гласаа 74 сенатори, а против 25, објави NBC News.
Поранешниот конгресмен од Тексас беше директор на националното разузнавање на Трамп во последните осум месеци од неговиот прв мандат.
Дваесет и еден демократ им се придружи на своите републикански колеги во поддршката на Ретклиф.
За време на сослушувањето, Ретклиф вети дека ќе ја држи политиката надвор од одлуките кои вклучуваат разузнавачки информации и додаде дека нема да користи тестови за лојалност како основа за вработување или отпуштање на персонал на ЦИА.
Американскиот Сенат тесно ја потврди номинацијата на Пит Хегсет, поранешен водител на Фокс њуз и воен ветеран, за секретар за одбрана на претседателот Доналд Трамп, отворајќи го патот за гласање за неговата потврда подоцна оваа недела, објави Ројтерс.
За номинацијата на Хегсет гласаа 51 сенатор, а против 49.
Денешното гласање дојде три дена откако Сенатот едногласно го потврди Марко Рубио за државен секретар неколку часа по инаугурацијата на Трамп.
На другите кандидати за Трамп би можело да им биде уште потешко да добијат потврда за номинацијата, бидејќи секој сенатор може да ја блокира.
Секој кандидат кој ќе се соочи со приговор мора да почека неколку дена за да добие потврда во Сенатот.
Но, сите номинирани мора да добијат 51 глас за да бидат потврдени или 50, со одлучувачки глас од потпретседателот Џ.Д. Венс.
Се очекува и Сенатот да ја потврди номинацијата на Кристи Ноем за министер за внатрешни работи, а наскоро се очекува и потврда на Скот Бесант за министер за финансии, пренесува Танјуг.