Сенатот денеска треба да ја заврши расправата за отповикување на Трамп

Сенат во Сад/ Фото: ЕПА

Американскиот Сенат до крајот на денот треба да ја заврши расправата за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Сенатот денеска ја продолжи расправата за отповикување на Трамп, кој е обвинет дека ги поттикнал своите приврзаници на бунт и напад врз Конгресот на 6 јануари годинава.

Сенатот дозволи и повикување на сведоци, а потоа настана забуна за што гласале сенаторите – дали за повикување на сведоци или дали да се дозволи дебата за повикување на сведоци.

Исто така настана и недоразбирање дали треба да се сослуша лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, републиканскиот конгресмен Кевин Мекарти, кој вчера изнесе нови детали за телефонскиот разговор со Трамп.

Телефонскиот разговор, според демократите, покажува дека Трамп бил рамнодушен кон насилството во Конгресот иако бил известен за тоа.

Во меѓувреме, републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел изјави дека нема да гласа за предлогот на демократите за отповикување.

Мала е веројатноста дека демократите ќе обезбедат двотретинско мнозинство (за отповикување треба да гласаат 67 од 100 сенатори). Денеска е петти ден од дебатата за отповикување на Трамп, а Претставничкиот дом веќе изгласа отповикување, но за одлуката да биде законодавна, мора да биде изгласана во Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот