Сенаторот Ромни со критики до републиканците и до демократите: Предизборна кампања „натопена со омраза“

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Републиканскиот сенатор Мит Ромни, поранешен кандидат за американски претседател, го обвини Доналд Трамп дека придонесува за предизборна кампања да биде „натопена со омраза”. Тој истакна дека е вознемирен од насоката во која се движи американската политичка дебата.

– Потона во ужасна кал полна омраза што е непогодна за слободна земја, а уште повеќе за колевката на модерната демокрартија, посочи Ромни, додавајќи дека за таквата состојба се виновни и републиканците и демократите.

Тој истакна дека претседателот Трамп неколку пати ја нарекол демократската кандидатка за потпретседателка Камала Харис „чудовиште”, додека претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси – „будалеста”, побара да биде затворен поранешниот американски претседател Барак Обама и ја нападна гувернерката на Мичиген кога се откри дека било планирано нејзино киднапирање.

Но, Ромни ги нападна и демократите, дури и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, кој „одбива да се спушти на нивото на другите”. Тој ја искритикува и Пелоси поради што таа во директен телевизиски пренос го искина говорот на Трамп за состојбата на нацијата.

Ромни истакна дека взаемните напади помеѓу десницата и левицата дополнително ги поддржуваат теориите на заговор.

– Светот ја гледа Америка со ужас и доза на презир. Голем број Американци се плашат за сопствената земја, која е така поделена, така бесна, така зла, така насилна. Време е вшештените глави малку да оладат. Лидерите мора да го намалат тонот (на расправата), посочи Ромни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот