Семос Едукација стана првата акредитирана институција за постсредно образование за графички дизајнери

Семос Едукација стана првата акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република  Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата

Ова е единствена акредитирана образовна институција од ваков вид во државата, каде студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн, ќе добијат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

Во изјава на м-р Ангелина Канчевска, раководител на Семос Академијата за графички и веб дизајн, добивме изворни информации за вреднување на знаењето и стекнување на квалификациите од постсредното образование за професијата Графички дизајнер.

“Среќни сме и задоволни што долгогодишниот вложен труд, конечно се исплатеше. Низ изминатите години, несебично го инвестиравме сето свое знаење, искуство, желба и амбиција со цел нашите студенти да ја добијат заслужената потврда на своето знаење. Посебна заслуга за развој на наставната програма имаат и нашите долгогодишни професори кои со својата експертиза допринесоа оваа програма да вклучи практични знаења и вештини кои се тесно поврзани со барањата на бизнис заедницата. Со оваа рамка на квалификации предвидено е за 550 часа да се добијат 60 ECVET кредити за една академска година. По успешна реализација на наставата, кандидатите полагаат теоретски и практичен специјалистички испит. Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука е новитет во Македонија, согласно реформите кои се спроведуваат во образованието, и има за цел поголема мобилност на стручните кадри и полесна интеграција на државата во ЕУ.” – изјави Ангелина Канчевска.

Еднo од најбараните занимања во креативната и дигитална индустрија на пазарот, но и најпривлечна за младите е графичкиот дизајн. Голем дел од младите го добиваат знаењето преку курсеви и обуки, преку самоучење, онлајн туторијали, книги и сл, но тоа не ги прави доволно конкурентни на пазарот, заради тоа што немаат стекнато потребни стручни квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот