Семјуел Жбогар во интервју за Слободен печат: Ѕвездите ви се наклонети, ве чека голема прослава!

Посакувам сите да се собереме да ги прославиме Денот на Европа и вашето патување со нас на возот. Планираме голема прослава во центарот на Скопје со граѓаните на Северна Македонија, вели Жбогар во интервјуто што ќе биде објавено во утрешниот број на Слободен печат.

Верувам дека ѕвездите конечно се местат. Но, имајќи го предвид искуството од октомври и дека живееме во време на предизвици, ништо не е сигурно додека тоа не се случи, вели евроамбасадорот Семуел Жбогар во интервју за весникот Слободен печат, на прашање за изгледите Македонија наскоро да почне преговори за членство во Европската Унија.

– Посакувам сите да се собереме да ги прославиме Денот на Европа и вашето патување со нас на возот. Планираме голема прослава во центарот на Скопје со граѓаните на Северна Македонија – вели Жбогар, во интервјуто што ќе биде објавено во утрешниот број на Слободен печат.

Тој е уверен дека во денешниот свет, која било земја, особено мала, не може да биде успешна сама.

– Живееме во сложени времиња, и кога сте дел од поголемо семејство, тоа ви дава општа сигурност. Тоа е како да сте затекнати на отворено море за време на бура. Кога сте на голем брод, едвај ги забележувате големите бранови додека ако сте во чамец може и да не опстанете. А, денес ние живееме во времиња на немирни води – вели Жбогар.

Евроамбасадорот во интервјуто одговара на голем број прашања од различни сфери, меѓудругото, за изборите, за коронавирусот, за наследството на Тито, за македонската кујна, за климата, за сличностите и разликите меѓу Словенија и Македонија, за приватниот живот, модниот стил,..

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот