Семејството на Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ одлучи да ги донира неговите органи: Така и понатаму ќе живее

Instagram

Вчера почина фронтменот на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (66), од последиците од тешката сообраќајна незгода што ја доживеа пред неколку дена.

Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“: Единствено место на светот каде што можам да се скријам од сите грубости, неправди и глупости е музиката

Неговото семејство во најтешките моменти за нив, се одлучи за хуман чин. Ќе ги донираат органите на Рајко за да спасат нечиј друг живот.

„Стотици денови и ноќи поминавме заедно. Никогаш не ни беше здодевно, за 35 години ниту еднаш не се скаравме. Прекрасен, благ карактер, од него никогаш не требаше да се побара помош, тој секогаш сам помагаше. Горд сум на семејството кое се одлучи да ги дарува неговите органи. Бидејќи Рајко така ќе продолжи да живее. И пак ќе помогне некому“, изјави неговиот близок пријател Нено Нинчевиќ.

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ доживеал тешка сообраќајна незгода, има тешки повреди на главата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот