Семејството на момчето кое го прегази сопруга на АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ доби повик од БЕЛАТА КУЌА – Слободен печат
ВестиПланета

Семејството на момчето кое го прегази сопруга на АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ доби повик од БЕЛАТА КУЌА

Извор близок до семејството пренел дека родителите на Дан, Шарлот Чарлс и Тим Дан, ќе одат во Вашингтон.

Семејството на деветнаесетгодишниот Хари Дан,  кој бил прегазен од страна на сопруга на американски дипломат, сега е повикано на „итен состанок“ во Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Родителите на Хари се наоѓаат во САД откако 19-годишникот загина во сообраќајна несреќа во Велика Британија.

Ен Сакулс, која возела наводно на погрешната страна од патот, доби дипломатски имунитет со кој се врати во САД.

Извор близок до семејството пренел дека родителите на Дан, Шарлот Чарлс и Тим Дан, ќе одат во Вашингтон.

Тие пристигнаа во Америка неделава и појаснија дека ќе се обидат да го убедат претседателот Доналд Трамп да ја смени одлуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close