СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Жените јадат ќотек од градските момци

Кој е профилот на семејните насилници? Жртвите се доминантно жени. Насилниците се градски момци. Ова го покажува анализата на податоците од набљудуваните судски постапки по предмети од семејно и родово насилство во текот на 2019 година, направена од страна на Коалицијата за правично судење.

Во случаите доминира физичкото насилство како начин на семејно насилство. Социјалниот профил и на сторителите и на жртвите набљудувачите не ги поврзуваат со определена возраст. Најстариот насилник имал над 60, а најмалиот 19 години. Од набљудуваните 47 судски рочишта во 35 предмети било заклучено дека сторителите се доминантно мажи односно 33 се обвинети, додека само 4 се жени. Жртвите во повеќето случаи се жени.

„По националност се доминантно Македонци, со средно образование и во најголем број случаи живеат во урбана средина, односно во градовите. Не се претходно осудувани и имаат свој бранител“, се вели во анализата.

Профилот на поголемиот број на жртвите е следниот:

„Жртвите живеат во град. Сите се со македонско државјанство, а по националност се доминантно Македонци, една петтина се Роми и само 5 проценти се Албанци“.

Анализата покажува дека 90 проценти од сторителите на семејно насилство се мажи, а само 10 проценти жени. Лицата со формирано високо образвоание не се сторители ниту се жртви на овој облик на криминалиет.

Според Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење, потребна е брза реакција од судиите и јасен баланс меѓу правата на жртвите и насилниците. Аврамовски посочува дека Основниот суд Скопје 1 има најголем број предмети за семејно насилство. Втор со предмети за насилство во семејството е Кумановскиот суд, вели Аврамовски.

Професорот Бобан Мисовски посочува дека врз немањето на точен податок за „темната бројка“ на кривични дела на семејно насилство и родово базирано насилство влијаат и македонските судови бидејќи својата улога сериозно ја сфаќаат само во три случаи: Кога ќе се случи убиство, тешка телесна повреда и телесна повреда. Во останатите, како на пример за полова слобода и морал, судовите имаат пасивен однос кон насилникот и своите пресуди најчесто ги темелат врз фактот дека таквиот однос на насилникот всушност и не е така страшен атак врз правата на жртвите.

– Најчесто жртвите го повлекуваат барањето за кривично гонење, за на крај заедно со автомобил да си одат дома. Улогата на судовите во судските постапки за семејно насилство е да изрекуваат дополнителни мерки на претпазлистот. Мерка која треба да се вметне во ЗКП – вели Мисовски.

Која е темната бројка на жртвите на семејно насилство?

Анализата на Коалицијта за правично судење покажала дека за темната бројка придонесуваат и самите жртви, односно нивото на нивната свест која го опфаќа фактот дека насилникот така треба да се однесува кон нив. Сличен аргумент во корист на темната бројка се лоцира и во фактот дека во случаите на семејно насилство жртвата често пати самата се смета за виновна, дека го испровоцирала семејното насилство од страна на насилникот. Врз темната бројка на криминалитетот на семејнoто насилство се јавуваат и социјално економските околности и на сторителите и на жртвите.

Иако Македониа ја има потпишано и ратификувано Истанбулската конвенција, сепак, поради отворените прашања, не може целосно да се имплементира во македонскиот кривично-правен систем. Затоа, според експертите, потребно е Кривичниот зкаоник да биде квалитетно унапреден во насока на прифаќање на одредбите од Истанбулската конвенција, во правец на утврдување на посебни, а не општи кривични дела. Тие посочувааат дека е потребна и брза реакција за подобрување на положбата на жртвите од овој облик на криминалитет но и третман на насилниците по завршување на издржувањето на казна.

Заклучокот од денешната трибина е дека во Макеоднија е висок степенот на одложени расправи во сите судови. Тоа се должи поради стапката на отсуство на судиите и обвинителите, но како показател се посочени недоволните човечки ресурски во судовите и обвинителстваа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот