Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја нападнал сопругата со нож, па и самиот се повредил

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера, околу 16.35 часот, В.Д. (47) од Кавадарци во семејниот дом ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, нанесувајќи ѝ повреда, по што и самиот се повредил.

Лицата се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител од Кавадарци со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот