Семејно насилство во Гостивар: Обвинение за маж кој ѝ нанел тешка телесна повреда на поранешната вереница

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека при вршење семејно насилство сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​, се вели во соопштението на ОЈО.

Извор: МИА

Скопјанка претепана од поранешното момче во угостителски објект

 

Видео на денот