Семејно насилство – Три жени убиени во вооружен инцидент во Вирџинија

Три жени се убиени, а две се повредени од огнено оружје во Норфолк, американската сојузна држава Вирџинија.

Според полицијата, најверојатно причината е семејно насилство.

Осомничениот прво пукал во една жена и побегнал. Кога четири жени се обиделе да и помогнат на жртвата, напаѓачот се вратил и пукал во нив.

Починала жената, која прва била застрелана и уште две кои се обиделе да и помогнат. Другите две се хоспитализирани.

Полицијата на Твитер објави дека осомничениот е приведен, но не наведе повеќе детали.

Секоја година во САД во семејно насилство страдаат околу 1.300 луѓе, се наведува во анализата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори во Атланта. Според авторите на студијата, 59,1 проценти од масакрите во периодот од 2014 до 2019 година биле поврзани со семејно насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот