Семејни проблеми: Раста го отпушти менаџерот Марко, братот на Ана Николиќ!

Фото: Инстаграм

Не е тајна дека Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста беа во лоши односи по разводот, често се расправаа, па за време на една жестока расправија дојде и до раскинување на соработката меѓу раперот и братот на пејачката, Марко Николиќ, кој со години му беше менаџер.

– Марко беше повреден кога ја слушна сестра си како плаче и изреагира како што би изреагирал секој брат. Иако до тој миг не се мешаше во расправиите меѓу сестра си и зетот. Му се јави на Раста и му кажа дека веќе не сака да ја види или слушне Ана расплакана, но тoа резултираше Раста да ја прекине долгогодишната успешна соработка со него – открива извор близок на пејачката.

Доакз дека деловниот однос го раскинале е објавата што раперот ја објави на Инстаграм во мај годинава.

– Важно соопштение. По долга и пред се’, успешна соработка, а и понатаму во ист таков дух, на местото на тур-менаџер нема да биде Марко Николиќ. Поради семејно-приватни причини и за подобро функционирање на Раста и „Балкатон’“ – напиша Стефан.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот