СЕМЕЈНАТА КУЌА на Катица Јанева во Гевгелија остана со спуштени ролетни и заклучени порти (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Екипата на „Слободен печат“ ја најде семејната куќа на обвинителката Катица Јанева во Гевгелија. Она што можевме да го забележиме се спуштените ролетни и заклучената порта. Улицата во која живеела некогаш Јанева денеска беше пуста.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. На Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата.

Фото: Слободен печат

Полицијата не и дозволила да оди на гробиштата, туку веднаш ја вратила назад за Скопје, во истражниот затвор во Шутка, каде одлежува 30-дневен притвор.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“ за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот