Семејна трагедија во Луизијана: Постара жена и тројцата синови починаа од коронавирус

ФОТО: Screenshot

Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус.

Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ентони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 и 30 март, пишува весникот „Њујорк дејли њуз”.

Во Луизијана до вчера попладне се потврдени 16.284 заразени со коронавирус и 582 смртни случаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот