Семејна драма во Сплит: Син ја запалил мајката зошто пушела цигара во бањата

Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Сплитската полиција во вторникот во притвор го предаде 39-годишниот Бранимир Сушиќ, обвинет за тешкото убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В.

Според полициската пријава тој сопствената мајка ја запалил и на тој начин трагично го завршила животот.

Семејната драма се случила во нивниот стан на првиот кат во неделата рано наутро. Според хрватските медиуми Бранимир се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената потоа е пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а набргу пристигнала и полицијата, пишува Далматински портал.

Полицајците кои пристигнале на повикот биле шокирани од глетката во станот. Никој од соседите не ги слушнал криците на несреќната жена, а последен пат ја виделе жива во саботата.

“Никој не може да поверува што се случи. Жената живееше со овој син и со помалиот, кој лежи во затвор од летово. Двете момчиња имаа психички проблеми и конзумираа алкохол, па полицијата често доаѓаше кај нив. Помладиот беше поагресивен отколку постариот син“, изјавија станарите.

Денес Сушиќ е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да утврди дали е пресметлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот