Семејна драма на Педро: Тој во Лондон, а децата во Шпанија која страда од коронавирусот

twitter.com/Chelsea24News

Досега во Шпанија од коронавирусот се заболени 73.235 лица,. а се починати скоро 6.000.

Фјудбалерот на Челси, Педро, денеска изјави дека му недостасуваат неговите деца кои не може да ги види поради пандемијата на коронавирусот. Децата на Педро се во Шпанија, а тој во Лондон, но бидејќи има забрана за патување и во двете земји, тој не може да биде покрај нив.

Тешко е кога не можете да ги видите децата, родителите, роднините, да не бидете со нив во ови тешки времиња за сите нас. Ние сме во постојан телефонски контакт, зборуваме како го поминуваме времето во изолација и се обидуваме да бидеме поблиски. Нормално дека сакам да бидеме заедно, но сега од безбедносни причини тоа не е возможно – изјави Педро за клупскиот сајт на Челси.

Шпанецот вели дека е постојан контакт со соиграчите но и со останати фудбалери.

Разговарав со Кепа и со Маркос Алонсо. Зборував и со Жорди Алба од Барселона, во контакт и со други играчи. Сакам да слушнам како тие ја поднесуваат оваа состојба, исто така редовно зборувам со фудбалерите кои се сами бидејќи може да им биде тешко во овие времиња. Во постојан контакт сум и со Аспиликуета и сите ние ги следитер вестите од клубот како и тренинзите кои мора да ги правиме дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот