Семејна драма: Кавга меѓу браќа е причина за пукањето на плажа кај Валона

Плажа во Валона, Албанија
Плажа во Валона, Албанија / Фото: Nick St.Oegger / Zuma Press / Profimedia

Кавга меѓу двајца браќа, за тоа кој да стопанисува со плажа земена на користење, е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона денеска околу пладне.

Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45).

Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа.

Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно.

„Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие.

Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување.

Увидот е сѐ уште  во тек, по што ќе има официјално соопштение.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот