Семеен насилник заврши во притвор

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, осомничено дека при вршење семејно насилство сторило повеќе кривични дела – телесна повреда, од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, присилба, од член 139 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

ОЈО информира дека осомничениот, на 26 мај, веднаш по судската расправа и објава на пресуда против него за семејно насилство во Основниот кривичен суд Скопје, физички повторно ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга. И покрај тоа што со претходно правосилно судско решение му биле изречени мерки за забрана за приближување на оштетената, тој ја пресретнал на паркинг простор во близина на Судот, започнал да ја влече за рацете, ја фатил за вратот и започнал да ја дави, нанесувајќи ѝ видливи повреди. Потоа ја навредувал и ѝ се заканил дека со себе носи нож, со што ја присилил да влезе во нејзиниот автомобил.

Оштетената, исплашена и испаничена во тој момент, влегла во автомобилот, а осомничениот веднаш по неа влегол и седнал на задните седишта. Тој ѝ наредил да го стартува автомобилот и да вози кон неговото живеалиште, заканувајќи ѝ се дека таму ќе ја силува. Ги зел нејзините мобилни телефони и нејзината чанта, за оштетената да не повика полиција, па ја влечел за косата, упатувајќи ѝ закани по животот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на можност за бегство, како и опасност тој да го повтори кривичното дело или да го изврши кривичното дело со кое се заканува. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот