Семафорот е вклучен! По 17 години СПД со своја влада

Главниот фаворит за наследник на Меркел, Олаф Шолц/ Фото EPA-EFE/Theo Klein / POOL

Нов германски канцелар ќе биде социјалдемократот Олаф Шолц откако коалицијата на левиот центар позната како „Семафор колаиција“ постигна договор.

Со овој договор , германските социјалдемократи, зелените и либералите ставија крај на 16-годишната ера на владеење на канцеларката Ангела Меркел. Трите партии никогаш не формирале германска влада заедно.

Меркел и Шолц
Новиот германски канцелар Олаф Шолц со поранешната канцеларка Ангела Меркел/ Фото EPA-EFE/MICHELE TANTUSSI / POOL

Шолц, поранешен вицеканцелар и министер за финансии, најави дека членовите на трите партии во следните десет дена ќе ја формираат новата владејачка коалиција , по што се очекува германскиот бубдестаг да ја избере владата на Шолц во втората недела од декември.

Темпото на преговорите не беше рекордно брзо, но социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП) успеаја да ја постигнат својата цел: Германија да добие нова влада пред Божиќ, првата т.н. „Семафор-коалиција“ на федерално ниво, два месеци по парламентарните избори

Армин Лашет (лево), Аналена Баербок и Олав Шолц (десно),/ Колаж: СП. / Фото: ЕПА

Семафорот е вклучен! СПД, Зелените и ФДП постигнаа договор за заеднички коалициски договор, а со тоа и за формирање на нова владејачка коалиција“. „Сакаме поголем напредок“, изјави идниот канцалар Шолц.

Лидерот на Зелените Роберт Хабек го нарече коалицискиот договор „документ на храброст и оптимизам“, а шефот на либералите Кристијан Линднер оцени дека „Ова е централната влада што ќе ја води земјата напред.“ Линдер очекува Шолц да биде „силен федерален канцелар“.

Главните проекти на новата коалиција

Меѓу првите мерки на новата влада ќе биде воведувањето задолжителна вакцинација за сите кои живеат на места каде што има загрозени лица, како болници и домови за стари лица, со можност за проширување на примената на оваа регулатива.

Германија бележи скок во бројот на нови инфекции во последниве недели, а транзицијата на власта до одреден степен влијаеше на одговорот на владата на новиот бран пандемии.

epa09477084 Journalists watch live election debate . EPA-EFE/FILIP SINGER

Меѓу другото, коалицискиот договор прецизира дека треба да се продолжи „кочницата за кирии“, инструмент со кој политиката ги ограничува цените за издавање станови.

Во регионите каде што состојбата на пазарот на недвижности е таква што побарувачката е често поголема од понудата, закупнината во рок од три години треба да се зголеми за најмногу 11 отсто, а не за 15 како досега. Предвидено е и формирање на нов ресор во владата за домување и градежништво.

Се планира и растеретување на товарот на граѓаните во однос на цената на струјата – која во Германија е повисока отколку во другите земји од ЕУ. И коалициските партнери сакаат да го зголемат „минимумот“ на 12 евра на час. За заштита на климата во иднина треба да се грижи и економското одделение.

„Семафор коалицијата “ сака да ја олесни можноста за стекнување германско државјанство, а во иднина би можело и двојно државјанство за оние луѓе на кои тоа сега не им било можно .

„Суверенитетот на Европа Камен темелник на новата германска политика“


Коалицијата ја потенцира важноста на пријателството со Франција и партнерството со САД, како клучни точки во надворешната политика на неговата влада.
Транслатлантското партнерство и пријателството со САД се централен столб на нашата меѓународна активност.

„ Ние се залагаме за обновување и ревитализација на нашите транслатлантски односи со САД и Канада, кои планираме да ги развиваме на европски начин“, беше посочено во програмата околу која се согласија трите коалициски партнери.

Новата коалиција ја истакна и неопходноста ЕУ да го подобри својот капацитет за прием на нови членки.


Партиите што ќе ја формираат новата германска влада го поддржуваат отворањето на преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, продолжување на преговорите со Србија и Црна Гора и визната либерализација за Косово.

„Го поддржуваме процесот на пристапување во ЕУ на шесте земји од регионот на Западен Балкан и неопходните реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген. Во овој контекст, го зајакнуваме граѓанското општество и поддржуваме понатамошни чекори кон пристапување во ЕУ”, стои во коалицискиот договор.

Во параграфот што се однесува на Западен Балкан се додава дека „следно мора да биде отворањето на првите поглавја во пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, усвојување на визната либерализација со Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија”.

Трите партии, исто така, велат дека го поддржуваат дијалогот предводен од ЕУ за нормализација меѓу Косово и Србија и напорите за траен мир во Босна и Херцеговина изграден на територијален интегритет и надминување на етничките поделби.

Поделба на одговорности

Социјалдемократите во идната влада треба да имаат седум ресори: покрај функцијата канцелар, СПД го има и ресорот за внатрешни работи, одбрана, здравство, труд, економска соработка и нов сектор за градежништво и домување. Зелените ќе имаат пет ресори: Министерство за надворешни работи, економија и заштита на климата, семејство, заштита на потрошувачи и земјоделство. Либералите ќе добие четири министерства: образование, правда, транспорт и клучно министерство – финансии.

Се уште не се соопштуваат имињата на идните министри, кои ќе бидат познати во наредните денови. Се чини, сепак, многу веројатно дека одделот за финансии ќе го води либералниот Кристијан Линднер, одделот за економија од „лидерот на Зелените Роберт Хабек, а нов шеф на дипломатијата ќе биде Аналена Бербок, кандидатот за канцелар на Зелените.

Коалицискиот договор мора да биде поддржан од сите три партии. СПД и ФДП тоа ќе го прават на партиските конгреси, а за тоа ќе одлучуваат 125.000 членови на Зелените. Дигиталното гласање започнува утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот