Сем Асгари ќе „седне“ на „Жешко Столче“: Момчето на Бритни ќе глуми во акциониот филм на Мел Гибсон
Сем Асгари и Мел Гибсон ќе се здружат за нов акционен трилер филм.
Се чини дека се остварува сонот на згодното 27-годишно момче на Бритни Спирс. Сем Асгари, кој работи како личен фитнес тренер, ќе глуми покрај Кевин Дилон во акциониот трилер „Hot seat“ во улога наспроти 65-годишниот Мел Гибсон.
„Мојата крајна цел е навистина да станам целосно-оформен актер. Сакам да работам акција, но сакам и да бидам способен да глумам и драма исто така. Тоа е моја вештина, и сакам да ја постигнам 100 проценти“, изјави Сем на почетокот на оваа година.
View this post on Instagram
Во филмот се работи за поранешен хакер кој е принуден да упадне во систем од висок профил на банкарска институција, од страна на анонимен човек кој поставил бомба под неговото канцелариско столче.
Гибсон ја игра улогата на човекот кој мора да се обиде да влезе во поставената зграда за да го извлече оној кој е седнат на жешкото столче (Дилон), но улогата на Асгари сè уште не е разоткриена пред јавноста.
View this post on Instagram
Поранешниот личен тренер во минатото има изразено дека целта му е да глуми во акциони филмови, што воопшто не се коси со физичките предизвици кои ги изведува во фитнес секојдневието.
View this post on Instagram
„Акцијата е нешто што сакам да го работам – акција, драма, трилер – тоа е жанр во кој сакам навистина да навлезам. Но ако можеш да изведеш и комедија, тогаш можеш да изведеш сè“, вели Асгари.
Во текот на изминатата недела Сем сподели видеа на неговиот инстаграм-профил кои ги покажуваат неговите вештини, кои надополнувајќи го изгледот на неговиот физикус прават да е сосема јасно дека тој е соодветен да биде дел од акционен/трилер филм.
View this post on Instagram