Селтик е следниот предизвик за Шкендија

Македонскиот репрезентативец Крсте Велковски и неговиот Сараево се поразени од Селтик во првиот натпревар од квалификациите за ЛШ. Шкотскиот тим славеше како гостин со 3:1 по што реваншот ќе претставува формалност, а во наредната рунда го очекува македонскиот шампион Шкендија.

Екипата на Сараево преку Оремус поведе со 1:0 во 29 минута,  но тоа беше се што направија домашните фудбалери. Пресвртот на Селтик го најави Џонсон во 35 минута, а во второто полувреме победата ја заверија Едуард и Синклер.

Во останатите натпревари, екипата на Црвена Звезда одигра без голови на гостувањето кај литванскиот шампион Судува, додека Хелсинки со победата од 3:0 на домашен терен над Торшавн е сигурен патник во наредната рунда.

Резултати:
Астана – Клуж 1:0
Арарат – АИК Стокхолм 2:1
Хелсинки – Торшавн 3:0
Номе Калју – Шкендија 0:1
Сараево – Селтик 1:3
Дуделанж – Валета 2:2
Судува – Црвена Звезда 0:0
ТНС – Фероникели 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот