Селски учител стана милијардер: Им помагал на другите да учат и заработил богатство

Индија деновиве доби уште еден милијардер, 37-годишен, поранешен учител од едно мало село.

Бајџу Равендран добил 150 милиони долари во новата рунда за финансирање на неговата компанија која постои веќе седум години, а која е позната по нејзината апликација за учење.

Со тоа вредноста на компанијата достигна износ од 5,7 милијарди долари.

Вредноста на личниот имот на Бајџу надмина милијарда долари, затоа што тој сега поседува 21 проценти од акциите на компанијата.

Во неговиот проект досега имаат инвестирано, меѓу останатите, основачот на Facebook, Марк Цукерберг, кинеската компанија Tencent, Катарскиот инвестициски фонд (Qatar Investment Authority) и други.

Бајџу стана еден од најмладите индиски милијардери, а неговиот успех е уште поголем кога ќе се земе во предвид негово скромно потекло.

Тој е син на наставник по математика и физика, а пораснал во селото Ажикода во јужна Индија. Подоцна тој студирал машинство, а претходно ја открил својата способност да им помага на другите да учат. Во слободно време им помагал на колегите да се подготвуваат за испити.

Гласот за неговите способности за подучување брзо се ширел и тој наскоро почнал да полни стадиони со своите предавања, а учениците и студентите ширум светот од него барале да им помогне со неговите техники.

Поради тоа, тој во 2011. заедно со еден колега ја основал „Byju’s“ – Апликацијата за учење, „online“ образовна платформа за деца од 5 до 16 години. Апликацијата се состои од интерактивни видеа, игри и квизови, а им помага на учениците со секојдневни лекции и подготовка за испити.

За седум години од постоењето, апликацијата доби 35 милиони корисници во Индија, од кои 2,5 милиони плаќаат годишен надомест од 145 дo 290 долари. Таа стана највредната „ed-tech“ (образование и технологија) компанија на светот.

Новиот милијардер сега планира глобална експанзија, а целта му се САД и Велика Британија, по неодамна договореното партнерство со компанијата „Walt Disney Co“.

Ревендран вели дека нивната соработка ќе им помогне на децата ширум светот да учат со помош на омилените ликови од „Diѕnеy“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот