Селмани: Преку глава ни е од насилничкото однесување на дел од контролорите во ЈСП

Дениз Селмани од институтот Ромалитико, во денешното гостување во Утрински брифинг на „Слободен печат“ вели дека целта на протестот да се изрази незадоволството против насилничкото однесување на дел контролорите и дека тие како граѓанска иницијатива Аваја имаат барања да се зголеми внатрешната контрола кај нив.

„Исто така бараме и Роми да бидат вработени како контролори во ЈСП. Според изјавата на дечкото кој беше нападнат, контролорите кои не биле на должност единствено кон него извршиле напад“, вели Селмани.

Ние сме подготвени да одиме до крај, изјави тој во врска со нападите кон Ромите и недоволната свест кај дел од општеството да ги прифати како еднакви со сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот