Селмани: Потребни се системски промени, а не промени за ден-два (ВИДЕО)

Сегментацијата на политичките партии на Ромите доаѓа од поривот да се придонесе кон заедницата, но од друга страна гледајќи ги демократските вредности ќе забележиме дека тоа се индивидуалци кои ги водат партиите, а всушност нема членови, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Дениз Селмани, Ромалитико/Аваја.

Интересот на заедницата треба да биде движечки мотив за политичките партии.

-Ако направиме споредба кај претходните избори ќе видиме колкава е разликата. Разликата во гласови е рефлект колку Роми има во Македонија. Затоа и им се битни ромските гласови, бидејќи таа разлика се надокнадува токму со гласовите на Ромите.

Не би се сложил дека секогаш е битно да се биде на власт. Она што е битно и треба да ги води сите политички партии е интересот на заедницата. Ние како „Аваја“ успеавме со помош на Ромската заедница да направивиме еден вид на документ каде што ги има приоритетите кои целиме да се остварат, рече Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот