Селмани: Kоалициските партии ќе го почитуваат договорот 100 дена премиер Албанец

Имер Селмани / Утрински брифинг

По најавата на Зоран Заев дека ќе се повлече и од премиерската функција и од челната позиција на СДСМ, партнерите во владејачката коалиција, вклучително и ДУИ, изјавија дека Заев треба да продолжи да управува со владата бидејќи земјата ја очекуваат големи политички и економски процеси. Но, инсистирањето на најголемиот партнер во коалицијата – ДУИ во јавноста беше коментирано како причина дека доколку Заев си замине, нејзиниот проект 100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори може да пропадне.

Политичкиот аналитичар Имер Селмани вели дека договорите треба да се почитуваат, во спротивно нема да имаат смисла.

„Верувам дека коалициските партии ќе го почитуваат договорот што се однесува до премиерот во последните 100 дена, иако со оставката на премиерот Зоран Заев се добива впечаток дека е прекршен дел од договорот. Ако не се почитува договор „100 дена премиер Албанец пред избори“ тоа ќе биде голема долгорочна загуба за СДСМ. Доколку не се придржува до самиот договор, пред сите можни партнери, идни коалиции и меѓународни пријатели ќе даде порака дека е несериозна партија која не исполнува своите ветувања“, изјави Селмани за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот