Селмани: Алтернатива ќе сака да внесе нешто ново и свое во Владата

Поранешниот министер за здравство Имер Селмани / фото: официјална фејсбук-страница

Поранешниот министер за здравство и претседателски кандидат, Имер Селмани, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека државата е пред голем предизвик – дали ќе се продолжи со новото парламентарно мнозинство со постоечката власт или ќе се оди на брзи парламентарни избори.

– Или ќе имаме ново неубедливо широко мнозинство, но и тоа е кревко. Анализирајќи ги сите постапки на Алтернатива и нивното искуство од пред неколку години кога беа во коалиција со ДУИ и СДСМ, очекувано беше дека тие ќе поставуваат многу ситни, фини теми од стратешки концепт. Алтернатива концепциски нема многу разлика во однос на програмските ориентации на СДМ и ДУИ, но ќе се очекува да сакаат да внесат нешто ново“, рече Селмани.

Поради желбата на новиот владин партнер да се внесе нешто ново и автентично во власта, останатите владеачки партии да бидат трпеливи, вели тој.

-Не е само кадровската политика, затоа што лошо би било доколку Алтернатива влезе во Владат само поради еден-двајца министри, заменици и неколку директори, лошо ќе поминат на наредните избори. Ќе биде добро за нив и државата доколку донесат нешто свое и нови елементи во Владата, потенцира Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот