Селма Хајек објави топлес фотографија на која изгледа неверојатно

Селма Хајек го одбежела 13-от роденден на нејзината ќерка Валентина Палома со стара фотографија од нејзината бременост.

54-годишната актерка објави топлес фотографија направена додека била бремена со Валентина.

„Утре малото бебе што се роди во мојата утроба официјално станува тинејџер. Толку брзо порасна…“, актерката напиша под фотографијата која собра милион лајкови.

Instagram

„Валентина, никогаш не посакував некој да постои толку колку што сакав да дојдеш во мојот живот. Ти благодарам што се појави пред тринаесет години на овој ден, „Денот на мирот“, за да ги осветлиш нашите животи. Те сакав пред да се родиш и ќе те сакам засекогаш. Среќен роденден, моја сјајна ѕвездичке“, напиша Селма.

Нејзините фанови го честитаа роденденот на Валентина во коментари и го пофалија изгледот на Селма.

Instagram

„Бог одвоил дополнително време кога те создавал тебе“, „Неверојатна си“ беа некои од коментарите.

Селма со нејзиниот сопруг и ќерката / Instagram

Селма и францускиот милијардер Франсоа-Анри Пинал (58) ја добија Валентина во 2007 година, а парот се венчаше две години подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот