Селма Хајек објасни: Се сликам во бикини затоа што ослабев

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Селма Хајек за „Entertainment Tonight“ откри зошто постојано објавува фотографии на социјалните мрежи на кои позира во бикини.

Морав да ослабам многу и да вежбам за да успеам да облечам бикини на крајот на минатата година. Среќна сум што направив многу фотографии, не се срамам од тоа бидејќи тоа ми беше прва недела од годишниот одмор“, вели актерката.

Instagram
Instagram

Но, по таа прва недела, слушнав дека повторно одиме во карантин и почнав повторно да јадам“, се пошегува таа.

Хајек имала потреба да разјасни дека поради пандемијата не била секој ден на базен, како што мислат некои кои постојано се обидуваат да ја „толкуваат“ секоја нејзина објава на социјалните мрежи.

Instagram
Instagram

Луѓето веќе се малку уморни, но јас ќе им давам шанса да се одморат. Ќе си мислат дека секој ден сум во бикини. Не сум, фотографиите се од иста локација“, вели Селма.

Instagram
Instagram

Ги зачував фотографиите, денес веќе не сум во иста фома и споделувам љубов на секои две недели. Ќе објавам уште една. Наскоро ќе останам без нив“, посочи актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот