Селма Хаек: Сакаше заедно да се тушираме па се закануваше дека ќе ме убие

Кога во 2017 година холивудската дива Селма Хаек (53) во колумна за „Њујорк тајмс“ го опиша својот однос со продуцентот Харви Вејнстајн (67), ги шокираше обожавателите, колегите, јавноста.

„Со години тој беше мое чудовиште, а ништо не мразеше повеќе од зборот „не“, објасни во својата исповед Селма.

Глумицата го поддржа проектот #MeToo и опиша што сè проживеала за време на соработката со коосновачот на „Мирамакс“.

Related image

„Сите тие години си го перев мозокот размислувајќи дека е сè готово и дека преживеав. Се обидував да се спасам самата себе од ужасната ситуација на објаснување на моите најблиски, бев горда колку сум подготвена да простам, а всушност се срамев поради сè што се случуваше“, напиша глумицата.

Додаде дека од силувањето ја спасило единствено пријателството со Квентин Тарантино и Џорџ Клуни.

Додека работела на филмот „Фрида“, продуцентот Вејнстајн барал од неа заедно да се тушираат, да ја гледа додека се тушира, да ја масира, да ја масира нејзиниот разголен пријател, орално да ја задоволи, да се соблече пред него во друштво на друга жена… Секогаш го одбивала.

„А најмногу мразеше одбивање. Во еден момент ми рече дека ќе ме убие“, раскажа Селма.

„Рече дека смеам да го завршам филмот само ако снимам сцена на секс со друга жена во која би била целосно гола. Не се чувствував добро. Се тресев. Не поради сцената, туку зашто морав да го направам тоа за Харви Вејнстајн“, се присети глумицата.

Related image

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот