Селин Дион со духовит одговор за култната сцена од „Титаник“

Ова е тема за која се расправа и 20 години откако филмот почна да се прикажува во кината, а фановите сè уште не можат да се согласат која е вистината.

На вечното прашање дали Џек (Леонардо Дикаприо) би успеал да легне покрај Роуз (Кејт Винслет) на крилото од вратата среде океанот откако Титаник потона, сега одговори и Селин Дион. Нејзиниот легендарен хит „My Heart Will Go On“ расплака милиони луѓе ширум светот.

Селин Дион деновиве гостуваше во емисијата на Џими Фалон, каде што тој ѝ постави прашањето на кое веќе 20 години сите горат од желба да го дознаат одговорот.

„Немој да ме ставаш во непријатна позиција. Што ако планираат да снимат и второ продолжение од филмот?“, со насмевка одговорила пејачката.

Instagram

„Прво, ако малку подобро ја погледнете ситуацијата, Роуз можеби е мртва или целосно смрзната и не е свесна за ситуацијата. И како второ, нему не му треба покана за да се качи горе“, рече пејачката.

За оваа тема веќе со години се расправа, па дури и Дејвид Камерон, режисерот на филмот веќе многупати го прашале зошто го оставил Џек во ледениот океан.

„Мислам дека е навистина смешно да ја водиме оваа дискусија после 20 години, иако тоа покажува дека филмот беше влијателен, бидејќи сите ги повреди кога Џек умре“, рекол Камерон.

„Да преживееше, филмот немаше да има смисла. Сепак, овде станува збор за смрт и разделба. Мораше да умре“,заклучил Камерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот