Селин Дион по втор пат ја одложува европската турнеја поради коронавирусот

Profimedia
Фото: Профимедиа

Познатата канадска пејачка Селин Дион уште еднаш ја одложи својата европска турнеја, која треба да започне на 16 март годинава, бидејќи епидемијата на коронавирусот не стивнува, објави нејзиниот тим.

Турнејата „Courage World Tour“ во Европа е одложена за една година, а ќе започне на 25 мај следната година во Бирмингем. Ова е второ одложување на турнејата која првично беше планирана за 2020 година.

Селин ќе одржи неколку последни настапи за време на нејзината турнеја, дури шест само во Париз, каде е планирано и да заокружи турнејата.

„Навистина се надевав дека ќе ве видам во Европа оваа пролет, но за жал, мора да почекаме уште малку, ситуацијата сè уште не е доволно безбедна“, рече пејачката во видео порака на француски и англиски јазик што ја објави на нејзниот твитер – профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот