Селин Дион не може да стане од кревет: Здравствената состојба на пејачката се влошува

селин дион
Селин Дион / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Канадската пејачка Селин Дион наводно не може да се движи поради здравствени проблеми и се повлекува од сцената на некое време…

На почетокот на овој месец, 53-годишната пејачка ги загрижи обожавателите кога објави дека мора да одложи дел од нејзината турнеја „Courage“ поради болни грчеви во мускулите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Сега нејзина блиска пријателка открила дека повеќе не може да стане од кревет, ниту да се движи поради парализирачка болка во стапалата и нозете.

„Доколку нејзината состојба не се подобри, би можела да се повлече од сцената неколку месеци, па дури и една година“, открила нејзината пријателка, додавајќи дека Селин изгубила многу килограми и дека ѝ е тешко да се грижи за нејзините 11-годишни близнаци Еди и Нелсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пејачката ја одложи турнејата за првпат поради пандемијата, а потоа ги одложи настапите во Лас Вегас помеѓу ноември 2021 и февруари 2022 година.

„Навистина се надевав дека сум подготвена за сцената, но сфатив дека морам да бидам потрпелива“, напиша тогаш Селин на нејзиниот твитер-профил.

Европскиот дел од турнејата, кој сè уште не е откажан, треба да започне на 25 мај во Бирмингем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот