Селин Дион ја запрепасти јавноста во Париз

Profimedia

Селин Дион (50) последниве неколку години ја шокира јавноста со својот изглед. Канадската пејачка присуствувала на ревијата на холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен во Париз.

Селин облекла креација од дизајнерката – плетен фустан кој ѝ се закачил за чевлите, па не можела нормално да оди. Но, освен чудниот фустан, обожавателите забележиле дека пејачката е толку ослабена што ѝ се гледаат коските.

Profimedia

Пејачката во една прилика рекла дека добрата линија ја должи на потењето.

„Постојано се потам. Понекогаш сакам луѓето да видат колку се потам и колку работам“, изјавила.

Неодамна Селин Дион е обвинета дека е сатанистка откако ја лансирала својата линија за детска облека CELINUNUNU.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот