Селфито на Џина Шумахер ги освои фановите: Верува во опоравување на татко ѝ

На својот инстаграм-профил, кој е преполн со фотографии од нејзините сакани коњи, Џина Мариа Шумахер, ќерката на Михаел Шумахер, ја објави својата најнова фотографија, а нејзините фанови не можат да поверуваат колку 23-годишната девојка наликува на нејзиниот татко, кој последниве седум години се бори за живот.

Џина професионално се занимава со јавање, а таа, како и остатокот од нејзиното семејство не престануваат да се надеваат дека нејзиниот татко, великанот на Формула 1, за чија здравствена состојба денес малку се знае, ќе се опорави.

Седумкратниот првак на Ф1 настрада на скијање во 2013 година, кога при пад со главата удри во камен. Откако неколку месеци беше во кома, од болницата во Гренобл е префрлен во домот во Женева. Семејството не дава никакви изјави за неговата здравствена состојба, но одвреме навреме се појавуваат некои информации кои ја враќаат надежта за негово опоравување.

Пред неколку месеци се појави вест дека Шумахер ќе мора повторно да се оперира. Наводно докторите треба да му го регенерираат нервниот систем користејќи посебен третман со матични клетки. Но пред два месеци Гардијан објави дека Шумахер сепак нема да оди на таа операција додека не се намалат ризиците за неговото здравје кои може да ги предизвика коронавирусот. На сличен третман Шумахер беше подложен минатата есен во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот