Селфи за подобри односи: Трамп во посета на Јапонија (ФОТО)

twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со сопругата Меланија стигнал во Јапонија во саботата вечер сакајќи да ги покаже силните односи меѓу двете држави, иако трговските односи се проблематични.

Токиската кула „Skytree“, највисоката зграда во Јапонија, по повод посетата на Трамп светела во боите на американското знаме.

Трамп во резиденцијата на американскиот амбасадор Вилијам Хегерти се сретнал со директорите на јапонските компании „Toyota“, „Nissan“, „Honda“, „Softbank“ i „Rakuten“. Американскиот претседател го повикал јапонскиот бизнис свет да ги зголеми инвестициите во Америка.

Во текот на четиридневната посета јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе приреди свечен банкет за Трамп, ќе го однесе на сумо турнир и во посета на поморската база.

 

twiter

twiter

Трамп ќе биде и првиот странски претседател кој ќе се сретне со новиот јапонски цар Нарухито.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот