Селена Гомез со шокантна изјава: Не можам да родам, бременоста би ми го загрозила животот

Селена Гомез / Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Пејачката и актерка Селен Гомез во новото интервју за „Венити фер“ откри дека никогаш нема да може да роди поради многуте здравствени проблеми со кои се соочува.

„Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да носам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето“, изјавила таа.

Инаку, во 2013 година и беше дијагностициран лупус, а во 2017 година и беше трансплантиран бубрег. Сепак, таа тогаш не мислеше дека тоа ќе биде проблем. Како што вели, сега се помирила со тоа и прифатила дека нема да биде како што си замислила.

„Одлично се справувам со тоа. Сметам дека е благослов што има прекрасни луѓе кои се подготвени да учествуваат во сурогат мајчинство или посвојување, што се одлични можности за мене. Благодарна сум за алтернативите за луѓето кои навистина сакаат да станат родители. Јас сум една од тие луѓе, едвај чекам да видам како ќе изгледа, иако на крајот ќе биде мое дете“, додала Селена.

Да потсетиме, Селена веќе извесно време е во врска со Бени Бланко, а многумина шпекулираат дека се свршени. Селена и нејзиното момче сè уште официјално не ја потврдија веста за нивната свршувачка или можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да семејство со Селена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот