Селена Гомез повторно вљубена? Се погласни гласините дека пејачката е во врска со кошаркарот Џими Батлер

Instagram

Со молскавична брзина се проширија гласините дека 28-годишната пејачка Селена Гомез е повторно вљубена откако неодамна била забележана на вечера со 31-годишниот кошаркар на „Miami Heat“ Џими Батлер.

Гласините за новиот пар првпат се појавија на Инстаграм профилот „DeuxMoi“ во средината на ноември. И од тогаш на социјалните мрежи гласините стануваа се погласни.

Instagram
Instagram

Имено келнери кои работат во францускиот ресторан „Lucien“ во Њујорк тврделе дека Селена Гомез и кошаркарот биле на вечера таму минатиот месец, која наликувала на романтичен состанок.

Непознат извор за „E!“ тврдел дека Селена и Батлер имале неколку состаноци и објаснил дека тие не се во официјална врска во моментов, затоа што пејачката „ги одржувала своите опции отворени“.

Instagram
Instagram

Тие се дружеа неколку пати додека Селена беше во Њујорк. Џими ја заболил да одат на вечера и одлично се забавуваа. Очигледно е на каде одат работите, но сè уште не е решено“, изјавил изворот.

Instagram
Instagram

Во последните неколку недели Гомез навистина беше во Њујорк за снимањето на хумористичната серија „Only Murders in the Building“ со Мартин Шорт и Стив Мартин.

Познатиот кошаркар беше во врска со манекената Кејтлин Новак, со која ја има и едногодишната ќерка Рајли, додека Селена Гомез, како што призна во едно интервју во септември годинава, својот љубовен живот го ставила во мирување поради пандемијата на коронавирусот.

Нејзината најпозната врска беше со пејчаот Џастин Бибер, а покрај него, пејачката беше видена и со Орландо Блум и „The Weeknd“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот