Селена Гомез официјално стана милијардерка, една од најмладите во САД
Селена Гомез официјално стана милијардерка. Исклучителен успех таа постигна како пејачка и актерка, но и како претприемач. Селена сега е меѓу најмладите милијардери во САД, пишува „Блумберг“.
Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако првенствено е позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од брендот за шминка „Ретка убавина“ (Rare Beauty), кој го лансираше во 2020 година.
Според „Тајм“, нејзиниот бренд „е најпродаваниот производ на „Сефора“ и е достапен во 36 земји и продолжува да заработува повеќе пари. Минатата година, најпопуларниот производ на нејзиниот бренд беше течно руменило од 23 долари.
Дел од нејзиното богатство доаѓа од глумата со која почнала да се занимава уште како дете, а добро заработува и како пејачка со хитовите како „Calm Down“ и „The Heart Wants What It Wants“. Таа се занимава и со менталното здравје преку платформата „Wondermind“ и е трета најследена личност на Инстаграм со 424 милиони следбеници.
Да потсетиме, Селена во декември минатата година потврди дека е во врска со Бени Бланко шест месеци, а потоа го нарече „најдоброто нешто“ што ѝ се случило и рече дека се однесува со неа „подобро од секое човечко суштество на оваа планета“. Инаку, Селена и Бени се познаваат со години бидејќи соработуваа со Џеј Балвин и Тејни на песната I Can’t Get Enough од 2019 година.