Селена Гомез ја покажа лузната по операцијата (ФОТО)

Селена Гомез ја покажа лузната на внатрешниот дел на бутот, која ѝ останала по трансплантацијата на бубрег пред три години.

28-годишната поп-ѕвезда добила бубрег од нејзината пријателка Франсиа Раиса откако претрпела компликации од автоимуната болест лупус.

Profimedia

Подоцна се проширија гласини дека Селена за малку ќе умрела поради компликации од операцијата.

Таа им порача на обожавателите дека претходно се срамела да им дозволи на другите да ја видат лузната, но сега се чувствува „горда“ на своето минато и била подготвена да ја покаже!

Поранешната ѕвезда на „Disney Channel“ објави фотографија на својот Инстаграм профил, на која стои пред базен во бебешко син костин за капење.

Instagram

„Кога направив трансплантација на бубрегот, на почетокот ми беше многу тешко да ја покажам лузната. Не сакав да бидам на фотографии, затоа носев работи што ќе го покријат тој дел“, напиша Селена.

Profimedia

„Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум и низ што поминав… и горда сум на тоа“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот