Селекторот Василев со 12 репрезентативци на скопскиот ФИБА „Челенџер“

Фото: kfsm.mk

Дефиниран е изборот на играчи на кои ќе се смета за натпреварите на претстојниот ФИБА турнир кој од 3-8 август ќе се одржи во Скопје.

Никола Василев, селекторот на македонската национална репрезентација „Под 18“ години го направи изборот на играчи на кои ќе смета на претстојниот ФИБА „Челенџер“.

На списокот се најдоа имињата на 12 репрезентативци кои ќе играат турнирот кој ќе се реализира во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје:

Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Согласно со распоредот, нашата јуниорска селекција сите натпревари на собирот во главниот ќе ги игра со почеток од 21.00 часот.

Во првото коло од мечевите од групата „А“ на 3 август, нашите кошаркарски надежи ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Хрватска. Наредниот ден ги чека дуел со Грузија, а потоа, на 5 август, и со топ-фаворитот – Шпанија.

По еден ден пауза, на 7 август ќе играме со Србија, а турнирот ќе го затвориме со мечот против Германија, закажан за 8 август.

Видео на денот